Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДИРЕКТОРОТ НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Денеска  во официјална официјална посета на општина Охрид престојуваше директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Љупчо Георгиевски кој оствари средба  со секретарот Димитар Спасески.

-          Со директорот денес разговараме за многу проекти кои во иднина треба да се реализираат во Охрид кои  бараат определено време и динамика, а за кои Агенцијата за државни патишта ќе излезе во пресрет за нивна реализација – истакна секретарот Спасески

 На потегот  на магистралниот пат од Билјанини Извори до Св. Стефан денеска и  официјално беше превземен  на управување  системот за осветлување до Св. Стефан. Со овој систем од денеска ќе раководи Агенцијата за државни патишта.

 Веќе недела дена наназад правиме испитувања на постојното осветлување на оваа делница од Билјанини извори до Св. Стефан. Станува збор за некаде повеќе од 220 канделабри кои од денес и официјално ги превземаме. На некои од овие канделабри недостасуваат светлики на некои кабли кои се поврзани меѓу одредени делници, меѓутоа во периодот што следува сето тоа ќе го санирамеи ќе го пуштиме во употреба. Има и места каде што недостасуваат канделабри, но и тоа ќе биде санирано до почетокот на туристичката сезона со што со осветлувањето ќе се зголеми и безбедноста на сообраќајот на оваа делница – рече директорт на претпријатиетоза државни патишта Љупчо Георгиевски.

 Превземањето на системот од страна на Агенцијата за државни патишта, гледано од финансиски аспект ќе биде од голема помош за општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1255  пати
Објавено на: 31.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©