Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ОД ОХРИД СО ПРИГОДНИ НАГРАДИ
Untitled Document

Во рамки на акцијата „Македонија - земја на цвеќето, земја на розите“ која се одржа во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, а поддржана од Влада на Република Македонија, општина Охрид зеде активно учество и успешно ја спроведе акцијата преку нејзино организирање и спроведување на креативни активности во основните училишта. По тој повод основните училишта зедоа учество на Конкурсот за изработка на креативни предмети и творби на тема „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“. Меѓу најуспешните на конкурсот беа ОУ „Христо Узунов“ и ОУ „Кочо Рацин“.

ОУ „Христо Узунов“ – Охрид доби  Специјална пофалница за групна изработка на креативно дело „Пејсаж“, изработено од најлонски кеси и е дело на група ученици од VI-4 одделение. Во групата учествуаа ученичките Софија Тренеска, Стефанија Ристеска, Јована Каланоска и Катерина Стојкоска, под менторство на одделенскиот раководител Марија Мостро. Делото е прогласено за најоригинална и најкреативна изработка на ниво на Република Македонија.

Учениците од О.У.„Кочо Рацин“-Охрид во рамки на конкурсот беа пофалени за целокупната колекција од детски ликовни изработки, за што и добија Пофалница за групна колекција од изработки на учениците. Колекцијата се работеше под менторство на нивните наставници по ликовно образование, одделенски наставници и класни раководители. Изработките беа направени од учениците од I до VIII одд.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1291  пати
Објавено на: 31.03.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©