Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СО НОСИТЕЛИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ЕВРОПСКИОТ КУЛТУРЕН ПАТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска оствари средба со делегација од Злинскиот регион, Р. Чешка, носители на проектот „Европските Културни Корени од Св. Кирил и Методиј, Продолжување на Патот“.

Проектот за градење мрежа од места кои се поврзани со мисијата на Светите Кирил и Методиј во врска со корените во Европа е навистина добар проект и ние како Локална Самоуправа целосно ќе го поддржиме. Очекувам одлична соработка во иднина и гарантирам дека тимот со кој соработувате ќе одговори на нивото на задачата – истакна Бакрачески.

Присутните претставници од Злинскиот регион пред градоначалникот ја елаборираа идејата за проектот „Европскиот Културен пат на Св. Кирил и Методиј“и изразија задоволство од подготвеноста на Локалната самоуправа да учествува во проектот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1237  пати
Објавено на: 16.04.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©