Советниците во Советот на град Охрид на денешната 52- Седница расправаа за Предлог одлуките за усвојување на извештаите за реализација на програмите на повеќе Сектори од локалната администрација за 2015 година.
Секретарот на општината ,Димитар Спасески иако е задоволен од сработеното во различните општински сектори смета дека лошиот начин на менаџирање и работење на минати локални гарнитури не треба да се заборави затоа што истото има последици на сегашноста и иднината.
-Не може да се дискутира за определен извештај само за периодот за кој тој се однесува. Народната мудрост ,„ Минатото се памети, сегашноста се живее, а иднината се сонува“ треба да биде основната девиза којашто ќе не води при разгледување на овие извештаи. Секое дејствие превземено во минатото , секоја активност или задолжување коешто е направено во општина Охрид нормално дека го обременува тековното и нормално функционирање на општина Охрид во сегашниот период. Она што е наш главен аргумент е дека во овие три години е прекинато тонењето на општина Охрид , таа станува финансиски рентабилна општина ги покрива своите обврски а истовремено во рамки на буџетот наоѓа можност за исплата на стари долгови со што се ослободуваат сите правни обврски коишто институциите во состав на општина Охрид ги наследиле и на тој начин се доближува овој систем кон подобро. Доколку се погледнат и анализираат сите извештаи ќе може да се дојде до заклучок дека во овие три години се случува максимална финансиска стабилизација на општина Охрид. Оние средства коишто се предвидени на ставката приходи и расходи меѓусебно соодветствуваат што не создава понатамошни дополнителни трошоци на име нови долгови што секако за нас како локална самоуправа е задоволство и постигнат ефект од она што било планирано- вели секретарот Спасески.
Извор: www.ohrid.gov.mk |