Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА
Untitled Document

Општина Охрид на својата официјална веб страница промовира „ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА“ и овозможува ваши фотографии да бидат застапени и промовирани според претходно дефинирани критериуми. За таа цел можете да испраќате ваши фотографии со мотиви кои ќе ги исполнат наведените правила и пропозиции за учество и промоција на „ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА“. На овој начин се овозможува промоција на природното и културно наследство на Охрид и охридскиот регион, но и мотиви кои ја промовираат фотографијата како уметничка категорија. 

Highslide JS

“Заливот на коските“

Право на учество за „ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА“ на општинската веб страница www.ohrid.gov.mk   имаат сите љубители на фотографијата која ја користат како професија или хоби. Покрај државјаните на Република Македонија, право на учество имаат и странски државјани.

Тема:

Фотографиите кои ќе се испраќаат  треба да бидат со мотив од природното и културно наследство на градот и регионот, како и фотографии со мотиви кои исполнуваат минимален критериум за уметничка фотографија. Темата е широка и дозволени се сите мотиви, агли и погледи. Предност имаат фотографиите од поново време, но подеднаков третман во изборот ќе имаат и фотографиите со постар датум на изработка, доколку не биле претходно јавно објавувани, односно масовно експлоатирани.

Број на фотографии:

Секој учесник во текот на еден месец може да испрати најмногу до 2 (две) фотографии.

Техника:

Потребно е вашите фотографии да бидат изработени со дигитална техника и во електронска форма.

Формат:

Форматот на фотографијата препорачливо е да биде во jpeg запис и оптимална големина на фајлот помеѓу 300 KB и 3MB , со резолуција помеѓу 72 и 150 dpi.

Обележување на фотографиите:

Фотографиите да бидат прописно означени во Word document, File Info или File Properties, и да се содржи:

- името на фотографијата или опис на мотивот кој го прикажува фотографијата
- името и презимето на авторот или негово лого
- адреса и контакт-телефон на авторот
- (необврзно) марката и моделот на фотоапаратот со кој е направена фотографијата

Права и обврски:

Авторските права остануваат кај авторот на фотографијата. Со самото доставување на неговата фотографија за објавување на општинската веб страница со намена за „ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА“ се дава право за нејзино користење исклучиво за таа намена со напомена дека авторот не е препорачливо пријавените фотографии јавно да ги објавува на друго место пред објавувањето на неговата фотографија на општинската веб страница.
Општината Охрид презема дел од издавачките права со тоа што го задржува правото сите фотографии кои ги објавува за „ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА“ да ги публикува на својата интернет страница без никакви дополнителни обврски кон авторите на фотографиите.
Авторите со самото доставување на фотографиите веќе се согласиле со отстапување на дел од издавачките права на Општина Охрид, кои таа може да ги користи за оваа потреба.

Испраќање на фотографиите:

Фотографиите, заедно со личните податоци, да се испраќаат во JPG или JPEG формат на електронската адреса webadministrator@ohrid.gov.mk

За дополнителни информации: 
Општина Охрид
„Димитар Влахов“ 57
6000 Охрид, Македонија
П.фах 125
тел. (046) 262492 и 262493
e-mail: webadministrator@ohrid.gov.mk

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1246  пати
Објавено на: 29.04.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©