Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНАРИТЕ СЕ ЕДУЦИРАА КАКО ДА СЕ ЗАШТИТАТ ОД ТУБЕРКУЛОЗА КОЈА И ДЕНЕС ЈА ИМА НО ИСТАТА Е 100% ЛЕЧЛИВА
Untitled Document

Претпладнево во големата сала на Општина Охрид  а по повод неделата на борба против туберкулоза што беше од 14-ти до 21 септември, екипа на Црвен Крст, одржа едукативно предавање за оваа болест.

Целта  на случувањето   беше  да се укаже на погрешното мислење кое го негуваат луѓето, дека туберкулозата е одамна изумрена  болест. Таа е карактеристична и за 21 век  но за разлика од некогаш  истата денес  100 процентно  се  лекува. Министерството за здравство на РМ ги покрива сите трошоци за лекувањето, односно  терапијата е бесплатна.
Инаку Општина Охрид е една од ретките на државно  ниво чиј совет  го има  донесено Локалниот акционен  план за туберкулоза со што и општината   се обврзува дека ќе делува превентивно на ова поле. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1236  пати
Објавено на: 04.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©