Во
киното „ Милениум“ во Скопје , вечерва во 20 часот и 30 минути, свечено ќе
биде отворен Фестивалот на францускиот филм во Македонија. На првата
фестивалска вечер, на седмото издание на фестивалот, ќе биде прикажан филмот
„ КЕ Д’ОРСЕ“ на режисерот Бертран Таверние.
Во четврток , учесниците на фестивалот доаѓаат во Охрид. Официјалното
отворање на фестивалот во Охрид ќе се одржи во Центарот за култура „
Григор Прличев“ со почеток во 21 часот, по што ќе се прикаже филмот „ ИВ
СЕН-ЛОРАН“ .
Извор: www.ohrid.gov.mk
|