Во рамките на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот Општина
Охрид организира промотивна тура „ Охрид 2014 “ . На промотивната тура
што ќе се одржи во Охрид од 4 до 6 април 2014 година ќе присуствуваат
претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција,
Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово.
Гостите на промотивната тура , утре ( 4.04. 2014 г. ) во 12 часот и 30
минути ќе ги прими градоначалникот Никола Бакрачески, а од 18 до 19
часот во хотелот „ Милениум“ ќе имаат директни средби со
туроператорите и хотелските субјекти од Охрид.
Според планот на промотивната тура, учесниците ќе ги посетат најзначајните
културни и туристички локалитети на градот и руралните средини, а ќе се
запознаат со можностите за развој на алтернативниот туризам.
Извор: www.ohrid.gov.mk |