Екипи на ЈП “Охридски Комуналец“ денеска на Булеварот “Туристичка“
во близина на градскиот пазар започнаа со теренски активности за
освежување на дрворедите и промена на старите дрвја со нови од видот
лигуструм.
Акцијата е во рамките на годишната програма за работа на Секторот за
комунални дејности,сообраќај и улици и со истата веќе беа
опфатени улиците “Димитар Влахов“ и ул. “Партизанска“ кои
неколку месеци се украсени со дрвја од видот лигуструм.
Стручните служби од Секторот за комунален развој при Општина Охрид,
апелираат до граѓаните да се воздржат од несакани дејствија врз ново
поставените дрвја бидејќи пред се тие претставуваат огледало на нашиот град
и одраз на нашето општествено живеење.
Извор: www.ohrid.gov.mk |