Јане Петков, уште познат како човекот – амфибија, од Бугарија претпладнево врзан во вреќа и без помагала, исплива од местото Горица до старото пристаниште.
Во својот подвиг цело време беше придружуван од медицинска екипа, претставници на Црвениот крст од Охрид и претставници на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови“. За околу два и пол часа тој исплива околу 2.300 метри со што ќе биде номиниран за Гинисов рекорд.
Настанот беше поддржан од Општина Охрид, Црвениот крст од Охрид и Клубот за спортови на вода „Охридски бранови“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |