Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ИНТЕНЗИВИРААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА КРУЖЕН ТЕК НА ПРЕСЕКОТ НА УЛИЦИТЕ „ТУРИСТИЧКА“ И „БИСТРИЦА
Untitled Document

Се интензивираат градежните активности  за изградба на кружен тек на пресекот на улиците „Туристичка“ и „Бистрица“.
ЈП „Нискоградба“ работи на  поставување на мрежа за одведување на атмосферската вода на кружниот тек. Се поставува  систем од цевки , сливници и шахти кои атмосферската вода ќе ја собираат и одведуваат во мрежата за одведување на атмосферски води.

Проектот  за реконструкција на крстосницата на улиците „Туристичка“ и „Бистрица“ започна пред  неполни две недели и истиот се очекува да биде готов пред почетокот на летната туристичка сезона.

Вредноста на проектот е:5. 908. 441 денари.                        

               

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1324  пати
Објавено на: 27.04.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©