Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ 9-то ИЗДАНИЕ НА ФРАНЦУСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ
Untitled Document

Со проекција на филмот „Судија“ во режија на годинашниот добитник на гран при наградата, Кристијан Венсан, заврши 9-то издание на францускиот филмски фестивал.  На четиридневната фестивалска програма која се одвиваше во Скопје и Охрид беа вкупно прикажани девет филмови.


Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, ја имаше честа во рамките на „Специјалната вечер“ што се одржа во Домот на култура во Охрид да му ја врачи гран при наградата, „Охридска златна маска“, на добитникот, режисерот Кристијан Венсан.


Во своето обраќање градоначалникот ја изрази важноста од одржувањето на ваков престижен филмски фестивал во Охрид, и изрази надеж дека со заедничка поддршка од општина Охрид, Француската амбасада , Министерството за култура и Институтот за филм оваа приказна ќе продолжи и во иднина.


-Овој фестивал веќе девет години успешно ја извршува својата мисија на презентација на најважните остварувања од француската кинематографија и стана препознатлив белег на нашето културно милје. Низ бројните проекции, средбите и разговорите меѓу филмските работници, оваа манифестација придонесува за приближување на културите, поголемо разбирање и доверба меѓу францускиот и македонскиот народ , меѓу културите и уметничките дострели на франкофонијата и Балканот,
рече во своето обраќање градоначалникот Бакрачески, додавајќи дека како добри домаќини ќе направат се Францускиот филмски фестивал да стане уште една успешна приказна , која ќе го промовира Охрид во пријателска Франција и ширум светот.


Амбасадорката на Република Франција, Лоренс Оер, во поздравното обраќање истакна дека е особено горда на резултатите кои произлегуваат од оваа соработка и дека фестивалот од година во година се повеќе расте што отвора можност понатака тој да се организира во меѓународни рамки.


-Охрид како град претставува еден голем потенција за прикажување на филмови но и за режирање на филмови. Се надевам дека тоа ќе биде во прилог и на граѓаните но и на посетителите на Охрид, рече амбасадорката, Лоренс Оер.


Добитникот на наградата режисерот Кристијан Венсан, истакна дека негова задача како режисер е преку своите филмови да го прикаже она што се случува во неговата земја.


-Исто така и ние го прикажуваме она што се случува во Франција, а тоа е моја грижа да го прикажам она што се случува во мојата земја. Кога ние доаѓаме да ги презентираме нашите филмови во странство, се обидуваме македонците или италијанците, шпанците, да ја запознаат малку повеќе мојата земја,
рече режисерот Венсан.


Филмот „Судија“ за прв пат бил прикажан во Венеција на Лагуната, а за последен пат во Охрид.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1355  пати
Објавено на: 19.06.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©