Новиот состав на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид, денеска ја одржа првата конститутивна седница. Согласно законските прописи, овој состав и новиот претседател на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата Стефан Димоски, Советот на Општина Охрид едногласно ги избра на четириесетата седница.
-На почетокот на конститутивната седница на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Охрид, уште еднаш му го честитам изборот на Стефан Димоски за претседател на Советот, а на новоизбраните и на членовите кои и досега беа дел од ова тело им посакувам успешна работа- рече во своето обраќање заменик градоначалникот Ангел Јанев Тој додаде дека „ Целите на работата на Советот се развивање и унапредување на сообраќајното образование и воспитување на учесниците во сообраќајот, остварување соработка и координација во развој на сообраќајно-превентивната работа и самозаштитата, унапредување на општата безбедност во сообраќајот на патиштата како работа од општ интерес, како и иницирање и предлагање потребни мерки за поголема безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Охрид“ - рече Јанев.
Претседателот на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид Стефан Димоски, рече дека уште со конституирањето на ова тело, веднаш е пристапено кон подготовка на документите во кои главно место има програмата за работа.
„ Направивме обемна и остварлива програма, која, уверен сум дека ќе ја реализираме, пред се со поддршка на Локалната самоуправа, зошто сакаме граѓаните и туристите да се чувствуваат безбедно. Очекувам дека со посветена работа ќе ги реализираме посебно важните задачи како што се оние поврзани со унапредување на сообраќајното воспитување и образование на учесниците во сообраќајот и развивање на сообраќајно образовната работа и безбедносната култура во предучилишните установи и училиштата како и остварување соработка и координација во превентивната работа на органите , институциите , правните лица и другите субјекти кои делуваат во областа на сообраќајот“ – потенцира Димоски .
На конститутивната седница на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата беше усвоен деловникот и годишната програма за работа, како и извештајот за одржаните активности во кампањата „ Подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот“ .
Извор: www.ohrid.gov.mk |