ЈП „Билјанини Извори“, среда (06.05.2015) и четврток (07.05.2015) како дел од оперативниот план за подготовка на јавниот паркинг простор пред почетокот на туристичката сезона ќе врши обележување на паркинг местата на следните улици:
Среда ќе се обележуваат паркинг местата на „Кеј Македонија“ и ул. „Македонски просветители“ до пресекот со ул. „Партизанска“
Четврток ќе се обележуваат паркинг местата на улица „Македонски просветители“ до пресекот со ул. „Партизанска“ и пресекот со Булевар „Туристичка“.
Обележувањето во централното градско подрачје ќе продолжи и наредната недела за што граѓаните ќе бидат благовремено известени. Од јавното претпријатие им се заблагодаруваат на граѓаните за нивото разбирање и ги уверува дека за краток временски период ќе заврши, по што граѓаните ќе можат непречено да ги користат паркинг местата.
Извор: www.ohrid.gov.mk |