Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ОХРИД ОДБЕЛЕЖАН 24 МАЈ -ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕ
Untitled Document

Општина Охрид  со пригодна свеченост , денес, пред монументалниот споменик на Св. Кирил и Методиј,  го одбележа 24 мај- денот на сесловенските просветители. Пред присутните граѓани во име на градоначалникот Никола Бакрачески се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев.

-Денес, овде пред  нивниот монумент, со посебен пиетет го чествуваме денот на великите сесловенски просветители , Светите Кирил и Методиј. Одбележувањето има посебна симболика зошто пораките   ги  упатуваме од овој простор , каде во непосредна близина се наоѓаат спомениците на нивните ученици Светите Климент и Наум Охридски, продолжувачите на нивното просветителско и духовно дело. Монументите  на најголемите сесловенски светители се свртени кон Охридското Езеро и кога ќе погледнеш чиниш дека заедно му упатуваат порака на светот во која доминантно место имаат просветителството и хуманизмот. Светот знае  дека светите Кирил и Методиј ја напуштиле царската палата во Константинопол и заминале во просветителска мисија кај словенските народи,  водени  од идејата дека сите европски народи  под исти услови  треба да имаат еднаков пристап до словото.Светите  Кирил и Методиј  , биле подготвени да ја жртвуваат својата слобода и својот живот, за да го одбранат правото сите народи да зборуваат на својот јазик. Делото на Кирил и Методиј не згасна. Нивните следбеници,  Светите Климент и Наум го продолжија  преку работата на  Климентовиот универзитет од каде околу три и пол илјади ученици тргнувајќи од  Охрид продолжиле да ја шират сесловенската писменост и култура.За нивното дело, признанието дојде дури во дваесеттиот век, кога папата Јован Павле II на 31 декември 1980 година, во своето апостолско послание EGRIGAE VIRTULIS , заедно со Свети Бенедикт ги прогласи за ко-покровители на Европа, зошто  Кирил и Методиј го дадоа својот влог во Европа, европската култура и цивилизација.Во историјата на Охрид, што трае повеќе од 6 илјади години, сите цивилизаци оставале траги кои и сега се видливи. Посебни   белези и бројно културно и духовно наследство има токму од овој период, па затоа Охрид се нарекува Балкански Ерусалим и центар на сесловенската писменост и култура. Ние сме горди што на  темелите  кои ги поставија  Светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици Светите  Климент и Наум, се надоврзаа македонските преродбеници. На нас е да продолжиме да чекориме по тој патрече Јанев

На случувањето   беа  доделени награди на ученици од основните и  средните училишта  кои постигнале значајни резултати на државни и меѓународни натпреварувања  а се одржа и  културно -уметничка програма.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1336  пати
Објавено на: 24.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©