Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КЛИМЕНТ ДОВЛЕВ ПРВ ДОПЛИВА ДО БУРЕТО СО ЦРВЕНО ВИНО
Untitled Document

Дваесет годишниот Климент Довлев прв доплива до бурето со црвено вино кое традиционално се фрла на денот на рибарите. Подготовките за овај ден започнаа рано утринава кога почна да се подготвува околу 1600 килограми рибна чорба во казанот кој беше поставен на охридското пристаниште. Покрај рибна чорба, се служеше вино и плашица.
Градоначалникот Никола Бакрачески на охриѓани им го честита големиот православен христијански празник Св. Јован Крстител и им посака сите да бидат благословени од Бога и нивните срца да бидат исполнети со добра мисла, позитивна енергија и оваа година да биде плодна на секое поле за сите охриѓани и градот Охрид.

Дополнително манифестацијата беше збогатена со културно уметничка програма со охридска староградска музика, а додека траеше манифестацијата на малиот плоштад се одвиваше изложба на риболовна опрема.

Со капењето на рибарите и скокањето по бурињата со вино се заокружуваат богојавленските празнувања.


Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1306  пати
Објавено на: 20.01.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©