Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СО ГАЛА ВЕЧЕРА ПОДГОТВЕНА ОД СТУДЕНТИТЕ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО ЗАВРШИЈА МАНИФЕСТАЦИИТЕ ПО ПОВОД СВ.КЛИМЕНТ
Untitled Document

Со гала вечера, чиј домаќин беше Градоначалникот Никола Бакрачески, на која присуствуваа официјалните делегации и гости на Охрид, завршија тродневните манифестации во чест на Св.Климент Охридски-Заштитникот на градот.

Во една несекојдневно пријатна атмосфера во ресторанот на ОСУ "Ванчо Питошески", со изменет ентериер прилагоден на високите норми за организирање на ваков вид настани,осмислен и реализиран од Агенцијата ИНПАКТ ГРУП од Охрид, со строго утврден протокол, вечерата беше подготвена од студентите на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид под менторство на проф.Ангела Василевска. Максимално професионално, студентите ги покажаа своите мајсторски вештини во подготовката и  сервирање на вечерното мени, запазувајќи ги највисоките светски гастрономски стандарди.
На ваков начин и во иднина општина Охрид ќе врши промоција на активностите на образовните институции од градот, давајќи им можност за покажување на нивните стекнати вештини.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1256  пати
Објавено на: 09.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©