Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЦА ОД НАСТРАДАНИТЕ ПОДРАЧЈА ЌЕ ПРЕСТОЈУВААТ ВО ОХРИД
Untitled Document

На покана од детската градинка „Јасна Ристеска“, во наредниот период, деца од настраданите подрачја ќе престојуваат во Охрид. Децата ќе бидат сместени во објектот „Росица“. Целта на оваа акција е да им се разубави секојдневието на децата во овие тешки мигови. Покрај ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе се вклучи и ученичкиот дом при ОУТУ „Ванчо Питошески“ кој ќе обезбеди смествуање за воспитните тимови.


 Акцијата се реализира во соработка помеѓу детските градинки „Јасна Ристеска“ од Охрид и „25. Мај“ од Гази Баба, а иницијатор е општина Охрид. За децата кои ќе престојуваат во Охрид, Општина Охрид и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ имаат подготвено програма која вклучува посета на културно историските знаменитости на градот, музеи, културно уметнички настани и рекреација на охридските плажи.

Покрај тоа, Општина Охрид како помош за настраданите во текот на вчерашниот ден испрати 40 вработени од охридските Јавни претпријатија, а претходно Советот на општина Охрид донесе одлука за парична помош на Општина Гази Баба во износ од 300 000 денари. Поддршката и помошта која општината ја дава за настраданите во Скопје не престанува. Во четвроток Општина Охрид ќе биде домаќин на хуманитарниот концерт на фолк пејачката Елена Велеска, група Чардак, Наум Петрески, Зуица Лазова, Ѓоко Танески, Петар Нечоски, Татјана Стефаноска, Милован Секулоски, Анастасија Петреска, Ристе Ристески и Екстра бенд. На градскиот плоштад за време на концертот, од страна на ОО „Црвениот Крст“ ќе бидат поставени пунктови за финансиска и материјална помош, а собраните средства ќе бидат донирани за настраданите од овие подрачја.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1371  пати
Објавено на: 10.08.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©