Градоначалникот Никола Бакрачески денес беше во посета во с.
Лескоец со цел да утврди до каде се градежните активности кои ги
започна Општина Охрид а се однесуваат на подигање комплетно нов
спортски центар, во близина на ОУ “Ванчо Николески“ .
Во првата фаза од проектот која се очекува да финишира во месец јуни
годинава предвидена е изградба на тревнатиот дел на стадионот за
голем фудбал, реконструкција на постојното игралиште за мал фудбал,
ракомет и кошарка, изградба на забавно- рекреативно детско игралиште
како и реконструкција на соблекувалните.
Во втората фаза од проектот предвидено е да се подига спортска сала од
затворен тип која е неопходна за реализација на наставата по физичка
култура за учениците од ОУ “Ванчо Николески“.
Едночасовната обиколка ,Градоначалникот Бакрачески, ја заокружи со посета на
мини плоштадот на крстосницата меѓу улиците “Питу Гули“ и “Марко
Нестороски“ во Горна Влашка мала, чија изградба ЈП “Градски Гробишта“
и останатите општински претпријатија ја финализираат. Овој простор
хорти -културно ќе биде уреден и ќе бидат поставени клупи и фонтана.
Наредниов период ќе се уредуваат и останатите три краци од оваа раскрсница.
Ќе се средува и оплеменува и просторот околу чинарот и автобуската
постојка а нов лик ќе добијат и тротоарите.
Извор: www.ohrid.gov.mk |