Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СО ЗАБРЗАНО ТЕМПО ОПШТИНАТА РАБОТИ НА ОТВОРАЊЕТО НА ИНДУСТРИСКАТА РАЗВОЈНА ЗОНА
Untitled Document

Во поодмината фаза е изработката на планска документација за индустриската развојна зона кај Мауцхер.

“До крајов на годинава   се зададени  последните рокови до секторите  за Урбанизам  и  Комунален развој и сообраќај  да ја завршат целокупната планска документација.  Веднаш после тоа ќе  се спроведе постапка за поделба на индустриската развојна зона на парцели и ќе се објави постапка за издавање на тие парцели се со цел да привлечеме инвеститори кои ќе можат во таа зона да отворат мали и средни претпријатија во кои ќе  бараме можност за   вработување на  голем број охриѓани“, изјави градоначалникот Никола Бакрачески кој потенцира дека во моментов се решени  имотно правните проблеми кај Мауцхер.  

“Многубројните предмети кои граѓаните ги имаа поднесено до Управата за имотно- правни односи од кои дел беа во тек а дел завршени беа причина зошто до сега не е направена планска документација за изградба на индустриската зона. Сега, во овој момент имаме  чиста ситуација парцелите кои што се денационализирни  се исклучени од индустриска развојна зона, односно истата ќе се гради на просторот што е во сопственост на државата“, додаде градоначалникот.

Според директорот на Дирекцијата за зони, Виктор Мизо, имајќи го во предвид досега покажаниот интерес од странските инвеститори, зоната во Охрид е една од поатрактивните, каде што се алоцирани средства за изградба, пред се поради близината на аеродромот.

Дирекцијата за идната 2014-та година, за индустриските развојни зони  во државава ќе издвои 1,3 милиони евра повеќе средства  споредено со годинава   односно за таа област од буџетот ќе бидат издвоени цели  8,2 милиони евра пред се како резултат на зголемениот интерес на инвеститорите.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1248  пати
Објавено на: 15.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©