Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БОЖИЌНА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ДО ПРАВОСЛАВНИТЕ ГРАЃАНИ ОД ОХРИД
Untitled Document

Почитувани,

Во овие празнични моменти, со посебно задоволство, на сите  православни верници од Охрид, од мое лично име и од името на локалната самоуправа им го честитам големиот христијански празник Христово раѓање- Божиќ.
Рождеството Христово го означува најзначајниот миг во човековата историја, симболизирајќи ги новите вредности, мирот, човекољубието, толеранцијата и милосрдието. Ова е празник на љубовта, блискоста, добрината и почитувањето помеѓу луѓето. Божиќ претставува возвишување на семејните вредности и разбирањето. Овој празник не потсетува на суштината на христијанското учење, да бидеме скромни, чесни и правични, да ја исполуваме Христовата мисија и бидеме достојни верници исполнети со духовна  хармонија, мир, разбирање и солидарност.
Честитајќи го Рождеството Христово, посакувам Божиќниот дух со мир и топлина да го исполни секој наш дом, здравје и благосостојба да не следат низ целата година, а личната среќа и успех да бидат дел од просперитетот на целата заедница.

Нека е честит и благословен големиот христијански празник- Божиќ.

ХРИСТОС СЕ РОДИ !!!


Градоначалник на општина Охрид
Никола Бакрачески

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1235  пати
Објавено на: 06.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©