Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УТРЕ ЗАПОЧНУВА ФЕСТИВАЛОТ НА ВИНО И СИРЕЊЕ
Untitled Document

Утре вечер со почеток во 20 часот на плоштадот  “Чинар“  односно некогашниот “Крушевска Република“  свечено ќе биде отворен Фестивалот на  вино и сирење. Целта на случувањето е промоција на виното и сирењето како специфични македонски производи.  


-По неколку годишниот прекин на манифестацијата  истата годинава е обновена  со  внесување повеќе  иновации со намера  да биде попривлечна за гостите. Покрај излагачи од југо западниот регион на Македонија кои беа присутни и во минатите изданија , годинава за прв пат свои штандови ќе имаат и производители од Ресен и  Корча – Албанја. Со тоа настојуваме манифестацијата да добие меѓународен карактер. Иновативност во фестивалот е начинот на презентација на производите , истакна на денешната прес конференција Ѓоко Апостолоски од Секторот за туризам и локален економски развој посочувајќи дека овој Сектор кој е и организатор на случувањето успеал да обезбеди финансиски средства  за реализација и истото од SWG (Regional Rural Development Working Group) во рамки на ABD програмата.   


На фестивалот  кој трае два дена односно на 15-ти и 16-ти август учество ќе земат 20 излагачи  кои своите производи ќе ги излагаат после 17 часот и  за посетителите ќе бидат отворени до 24   часот.
Музичкиот дел  во двата фестивалски дена  запонува во 20.30 часот и  во него е предвидено да настапат охридски бендови.
Во овие два дена додека трае Фестивалот на виното и сирењето во Охрид ќе се случува и ревијата на олдтајмери  при што еден дел од нив ќе бидат изложени токму кај чинарот.


-          Со тоа ние ќе имаме една комплементарност, паралелно ќе ни се случат две манифестации. Посетителите ќе може да вкусат добро сирење и вино , да слушаат добра музика а воедно да видат и атрактивни и  ралитетни  олдтајмери – додаде Апостолов. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1289  пати
Објавено на: 14.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©