Во вторник (15 октомври) во големата сала на општина Охрид со почеток во 15 часот, градоначалникот Никола Бакрачески и стручните служби на Локалната самоуправа ќе остварат средба со приватните станоиздавачи од Охрид и туристичките агенции од градот.
На средбата предвидено е да стане збор за проблемите со кои се соочуваат станоиздавачите и туристичките агенции, посочување идеи и практики во работењето за решавање на истите и надоградување на пристапот за подобрување на состојбите во областа на туризмот.
Ги повикуваме сите заинтересирани станоиздавачи и тусистички агенции да присуствуваат на средбата и да ги изложат своите идеи, предлози и мислења.
Извор: www.ohrid.gov.mk |