Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
„ ОХРИДСКА СОФРА 2015“ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО НЕДЕЛА ВО СКРЕБАТНО
Untitled Document

Традиционалната туристичко промотивна манифестација „ Охридска софра“ , што по трет пат ја организира општина Охрид, ќе се одржи во недела на 30 август, во манастирскиот комплекс „Пресвета Богородица“ во селото Скребатно. Целта на манифестацијата, со која симболично се означува крајот на главната туристичка сезона, е да ја промовира традиционалната охридска кујна со подготовка на локални специјалитети, меѓу кои посебно место има ѓомлезето и да ја збогати туристичката понуда.

-Годинешното издание на „ Охридска софра“ ќе започне во 9 часот со почетокот на натпреварот во подготовка на ѓомлезето, на кој ќе учествуваат 15 мајстори за овој специјалитет. Во 11 часот и 30 минути, посебна жири комисија ќе врши дегустација на подготвеното ѓомлезе, а во 12 часот ќе започне официјалниот дел во кој ќе бидат прогласени победниците. Во културно забавниот дел, ќе настапи етно групата „ Баклава“ – рече на денешната прес конференција, раководителот  на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов.

Покрај подготвувањето на ѓомлезето, како што најави Апостолов, студенти од Факултетот за туризам и угостителство, ќе приготвуваат и ќе презентираат традиционални специјалитети од охридското поднебје , Здружението на пчелари ќе има изложба на мед, претставници на  „ кластерот еден“ ќе презентираат производи и аранжмани на нивните членки, а штандови со здрава храна  ќе имаат претставници од манастирскиот одбор и фирмата „ Градинар“ .

За сите заинтересирани граѓани, има организиран бесплатен превоз. Комбињата на превозникот „ Омега- транс“ , ќе тргнуваат од постојката кај поранешниот мини-  маркет кај гимназијата од 10 до 11 часот, а враќањето од Скребатно е по завршувањето на манифестацијата во14 часот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1344  пати
Објавено на: 27.08.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©