Ракометарите на охридскиот клуб, денес, беа во посета на ОУ „Христо
Узунов“ каде се дружеа со учениците. Нивното присуство побуди голем интерес
кај учениците. Тие, пред учениците ги презентираа ракометните вештини, се
фотографираа, разговараа и делеа автограми. Ваквите средби имаат за цел
поттикнување на желбата кај најмладите за да се занимаваат со било каков
спорт.
Извор: www.ohrid.gov.mk |