Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД СО ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО СКОПЈЕ
Untitled Document

Со  300. 000 денари парична помош, со човечки и технички ресурси  кои и се на располагање  Општина Охрид ќе го даде својот придонес  за надминување на последиците од елементарната непогода која изминативе денови го зафати скопскиот регион понесувајќи човечки жртви  и материјални штети.

Градоначалникот Никола Бакрачески на денешната Вонредна Седница на Советот на град Охрид упатувајќи  сочувство до  семејствата на настраданите  и заблагодарувајќи се на Советниците кои позитивно одговориле на повикот за вонредно заседавање  истакна  дека  предвидената  помош е првична.

На барање на градоначалникот утрово заседаваше и комисијата за финансии при Советот на град Охрид.     

-Во текот на вчерашниот ден во консултации со граѓани и служби во Локалната Самоуправа и  со градските советници одлучив да се обратам до соодветната  Комисија на  Совет за доделување на еднократна парична помош која во износ од 300 000 денари ќе  биде доделена на општина Гази Баба која беше една од најзагрозените општини по невремето во скопскиот регион. Се заблагодарувам на   Комисијата која брзо се состана по моето барање и донесе одлука. Заедно со координаторот на Советничката група од опозицијата се договоривме таа да биде само првична помош. Доколку во наредниов период има потреба од дополнителни средства и доколку тоа го дозволува буџетот  на општина Охрид   ќе издвоиме дополнителни средства – истакна  градоначалникот Бакрачески во своето излагање пред градските советници.

Со пристигнување на првите информации за невремето во Скопско уште во текот на вчерашното деноноќие, градоначалникот Бакрачески  остварил  интензивни комуникации со градоначалникот на град Скопје околу можното инволвирање на Општина Охрид за  помош во  настраданите подрачја

-Од страна на град Скопје беше побарано ангажирање на специјализирана механизација која што во текот на раните утрински часови во  вчерашниот ден им беше потребна. По консултација со охридската  противпожарна единица  констатиравме дека специфицираната опрема којашто во тој момент им  беше неопходна, Општина Охрид ја немаше на располагање, а тоа беа противпожарни возила со вакум пумпи. Исто така не соодветствуваа и цистерните за вода со кои располага Противпожарната единица од Охрид. Во првичната комуникација кога беа побарани ваквите специјализирани возила ние не располагавме и не можевме да излеземе во пресрет на барањата на град Скопје- рече градоначалникот Бакрачески подвлекувајќи дека општината ќе ја даде поддршката и со ангажман на струни лица од Охрид. 

-Во текот на вчерашниот ден ние неколку пати имавме координација со градоначалникот и со неколку служби на град Скопје. Ние нудевме помош во човечки ресурси за коишто ни кажаа дека дополнително ќе бидеме известени. Чекавме на нивно барање  да ги упатиме нашите луѓе.  Утрово се координиравме со Кризниот Штаб и неколку координативни тела кои ги формираше Владата на Р. Македонија и она што ние како помош во овој момент го одредивме за настраданите подрачја е помош во стручни лица. Она што нив им требаше беа стручни кадри, пред се градежни инженери, хидро инженери и архитекти. Ние во овој момент одредивме пет лица, двајца градежни и еден хидро инженер и двајца архитекти кои ќе бидат на располагање на координативните тела и на Владиниот Кризен Штаб. Се надевам дека тие ќе бидат од значајна помош за задачите кои ќе им бидат определени од соодветните координативни тела- додаде Бакрачески.

Одлуката за доделување парична помош како допринос на општина Охрид до Скопје беше едногласно изгласана од  сите советници во Советот на град Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1451  пати
Објавено на: 08.08.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©