Во организација на Секторот за ТЛЕР и неколку истакнати охридски
хотелиери, синоќа во х.Ривиера, градоначалникот Никола Бакрачески имаше
работна вечера со претставници на италијански тур-оператори и туристички
агенции и гости, кои претстојуваат во Охрид. Пред гостите од Италија преку
видео презентација беа претставени туристичките потенцијали на нашиот град и
поволностите што Република Македонија ги дава на потенцијалните партнери во
привлекувањето на странски туристи.
Оваа иницијатива е резултат на неколку годишната соработка на х.Гранит со
италијанскиот партнер и претставува можност за успешна презентација на Охрид
на туристичкиот пазар во Италија и привлекување на повеќе гости од оваа
медитеранска земја.
Италијанските туристички работници истакнаа дека Македонија и Охрид, за
просечниот италијански турист е дестинација која се уште се открива. Според
нив, туристичките вредности што ги поседува Македонија и Охрид, заслужуват
поголемо внимание и ја искажаа својата увереност дека во иднина туристите од
Италија значително ќе го зголемат своето присуство во Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |