Во рамки на акцијата за подигнување зелен отпад, екипите на ЈП „Охридски Комуналец„ во сабота, 20 април, ќе го подигнуваат зелениот отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.) од населбата „Билјанини Извори„.
Граѓаните кои живеат во овој дел од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е."Механизација" на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П."Охридски Комуналец" благовремено да го подигнат.
Извор: www.ohrid.gov.mk |