Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАТОТ ЕЛЕШЕЦ- ЕЛШАНИ
Untitled Document

  Започна реконструкцијата на  патната делница од афтокампот Елешец до село Елшани во  должина од 2.258 метри. Градоначалникот Никола Бакрачески кој денес беше на увид  истакна дека станува збор за втор крупен проект кој Општина Охрид  го реализира со  поддршка  од Владата на Р. Македонија и  Светска Банка.


-          Станува збор за пат  во должина  од  2. 258 метри  и ширина  во просек од 4 метри.  Зафатот опфаќа и уредување на банкините.  Патот ќе биде асфалтиран со високо квалитетен асфалт со  дебелина од 7 см. Изведувач на градежните активности е АД „Илинден “ од Струга  а  вкупната вредност е  околу 7. 610.000 денари.  Целосната реализација на проектот е предвидена да заврши за околу   еден месец. Со ваквите  инфраструктурни зафати очекуваме значајно подобрување на  квалитетот на животот  на мештаните од населените места Елшани и Елешец како и подобро движење  на останатите охриѓани и гости  кои гравитираат во овој дел од Охрид. Реализацијата на овие зафати битно ќе допринесе во унапредување на туризмот во овие места кои во изминатите децении  и години  претендираа да бидат туристички места, рече градоначалникот Бакрачески.

Претседателот на Месната Заедница, Игор Шопоски се заблагодари на заложбите на Општина Охрид за конечно  решавање на долгогодишниот проблем на мештаните  кој се однесува на асфалтирање на патот.


-          До сега секојдневно минувавме низ пат кој имаше големи оштетувања.  Патот бил изграден во 70 –те години од минатиот век и од тогаш не  беше реконструиран. По асфалтирањето очекуваме подобар живот  за нас и привлекување на повеќе туристи, истакна Шоповски.  

Со заложба на градоначалникот Никола Бакрачески , Општина Охрид, претходно  во Елшани,   го изгради  новиот  резервоар за вода   со капацитет од 100 метри кубни и  нова водоводна мрежа во должина од 2 200 метри.  Со тоа се стави крај на долгогодишните проблеми со водоснабдувањето  со кои се е соочуваа  мештаните . Елшани е едно од поголемите населени места во Охрид со  околу 700   жители. 

Во наредниве 2 до 3 месеци Општина Охрид очекува реализација и на останатите од вкупно девет крупни проекти кои се  поддржани од Светска Банка.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1339  пати
Објавено на: 09.04.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©