Непознати сторители на вандалски начин искршија уште едно новозасадено
дрвце на тротоарот на улицата „ Партизанска“ , наспроти хотелот
„ Палас“ . Ваков случај на истата улица имаше и минатата недела, а
забележани се и кршења на улични светилки и оштетувања на сообраќајни
патокази.
Локалната самоуправа, апелира до граѓаните за поголема грижа за заштита на
новозасадените дрвца, уредените паркови и другите јавни добра и ги замолува
доколку видат било каков случај на уништување, веднаш да ги алармираат
надлежните инспекциски служби и полицијата.Со заедничка кординација на
надлежните институции и служни, веќе се договорени механизми за
идентификување на вандалите против кои ќе бидат применети
строгите законски санкции.
Извор: www.ohrid.gov.mk |