Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ПОДЕЛИ ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА
Untitled Document

По повод „Недела на борба против гладта“ која се одбележуваше  од 16 до 22 октомври, градоначалникот Никола Бакрачески денес  пред просториите на ОО Црвен Крст Охрид, подели  50 од вкупно 150-те  пакети со прехранбени производи и производи за лична хигиена  наменети за социјално најзагрозените охридски семејства.

“Сакам да истакнам дека Локалната Самоуправа посветено ќе работи на помагање на овие социјално загрозени семејства , не само преку доделување хуманитарни пакети, но и во создавање услови во иднина овие семејства да дојдат до приходи врз основа на кои што сами ќе можат да се издржуваат , тоа е нашата крајна цел. Значи не само да доделуваме пакети , тоа се разбира ќе го правиме и во иднина.  Наша основна  цел во поглед на  справување со сиромаштијата а со тоа  и  намалување на социјалниот ризик е да го подигнеме локалниот економски раст на општина Охрид а следствено на тоа да овозможиме креирање на нови работни места кои се основа за подигање на стандардот на населението,“  истакна градоначалникот Бакрачески.

Претседателот на ОО Црвен Крст – Охрид, Сашо Точко се заблагодари на хуманиот гест на Градоначалникот и охридската локална власт и потенцира дека годинешната  акција по повод „Неделата на борба против  гладта“ е една од најуспешните досега.

“Сакам да истакнам дека дел од овие пакети ќе бидат донирани на  здружението  на лица со пречки во развојот “Зраци“, здружението “Доброљубие“ на лица со церебрална парализа и на здружението на лица со попречен слух“, истакна Точко кој потенцира дека соработката со новата локална власт во областа на социјалата е на многу високо ниво.

Во рамки на  одбележувањето на „Неделата за борба против гладта“ беа поделени 300 хуманитарни прехранбени пакети  “од децата за децата во училиштата“ кои беа дистрибуирани на социјано ранливите категории ученици во основните училишта во Општината.

Во хуманата акција се вклучи и Советот на млади при општина Охрид.   

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1250  пати
Објавено на: 04.11.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©