Претставници на познатата компанија „Fish
and chips“, од Турција предводена од директорот Левент Ерсој на
денешната средба со Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески ,
најавија дека се заинтересирани за инвестирање во Охрид.
Гостите од
Турција го информираа градоначалникот Бакрачески дека бараат погодни локации
за изградба на големи Аутлет- шопинг
центри кои би се граделе на излез од градот во близина на
регионалниот пат Охрид Кичево, како и површини на крајбрежјето
погодни за изградба на викендици и аква паркови. На
средбата гостите покажаа интерес и за руинирани објекти сместени на
атрактивни локации кои со реновирање би биле
привлечни хотели.
Потенцијалниот инвеститор на средбата меѓу другото истакна
дека се интересира и за земјиште за изградба на овоштарници и
ладилници како и дека сакаат под закуп да земат објект кој би се наоѓал на
атрактивна локација долж крајбрежјето во кој би се продавале риба и
рибни производи по прифатлива цена.
Во текот на
едно неделниот престој во Р. Македонија , потенцијалниот инвеститор од
Турција во Охрид ќе се задржи пет дена. Тие во придружба на
претставник од општина Охрид попладнево ги разгледуваа можните локации
за инвестирање.
Извор: www.ohrid.gov.mk |