Фестивалот на францускиот филм кој по шести пат се одржува два дена во Скопје и од 28 до 30 јуни во Охрид годинава на љубителите на филмот ќе им понуди богата програма од француски филмски остварувања од повеќе жанрови.
Филмската програма на Францускиот Филмски Фестивал кој во Охрид започнува од утре, 28 јуни, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 20 часот ќе ја отвори градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески кој во повеќе наврати ја истакна подготвеноста на Локалната самоуправа да се вклучи во афирмација на културните содржини кои се случуваат во Охрид во текот на целата година.
Одржувањето на Францускиот Филмски Фестивал изминативе шест години значеше освежување на Охрид со филмски содржини и приближување на француската кинематографија и култура до граѓаните на Охрид и Република Македонија.
Извор: www.ohrid.gov.mk |