Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ХРВАТСКИ ФОЛКЛОРИСТИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Заменик градоначалникот Александар Јанев денеска  имаше средба со делегација на  КУД „ Краљ Томислав“ од Биоград на Море од Хрватска , кои се во неколкудневен престој кај домаќините од КУД „ Гердан“ од Охрид.

На средбата, заеднички беше оценето дека соработката на двете културно- уметнички друштва е добра основа за воспоставување на поблиски односи меѓу Охрид и Биоград на Море како развиени туристички центри. Покрај соработката во областа на туризмот и културата, беа споменати и можностите за креирање заеднички проекти и користење средства од европските фондови.

Членовите на културно уметничките друштва „ Краљ Томислав“  од Биоград на Море и „ Гердан“  од Охрид до недела ќе се дружат и забавуваат, а според програмата е предвидено  да ги разгледаат најзначајните  културно- историски знаменитости.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1235  пати
Објавено на: 14.03.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©