Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МЕРКИТЕ КОИ ГИ ПРЕЗЕМА ОПШТИНА ОХРИД ВО УГОСТИТЕЛСКО-ТУРИСТИЧКИОТ СЕКТОР ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ
Untitled Document

Мерките што ги презеде Општина Охрид за развој на туризмот во изминатиот период даваат резултати и се очекува тој тренд да продолжи.Секторот за Туризам и локален економски развој, врз основа на извршените анализи, утврди дека вкупната наплата на туристичка такса за 2015година од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели е зголемена за 12%, во однос на 2014година, додека во однос на 2011година наплатата на туристичката такса за привремен престој е зголемена дури за 47%, што значи дека имаме континуиран раст на наплата на истата.

Анализите покажуваат дека мерката за субвенционирање на 50 отсто од уплатената туристичка такса на физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем дава конкретни резултати. Општина Охрид преку секторот за Туризам и локален економски развој и во иднина ќе ги следи можностите за воведување и практикување на различни видови на стимулативни мерки не само за физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем, а ги исполниле условите наведени во Правилникот за субвенционирање, туку и за целокупната угостителско – туристичка област како една од најзначајните развојно – економски гранки.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1370  пати
Објавено на: 28.01.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©