Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЗ 16, ДЕЛ ОД УБ 16.1 – ОПФАТ 2, КО ВЕЛЕСТОВО
Untitled Document

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од статут на општина Охрид („Сл. Гласник на општина Охрид“ бр. 08/07 и 01/08),. Бр..17- / Бр.19-2265/9 Охрид, 27.10.2015 год. а во врска со член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) Градоначалникот на општина Охрид, донесе:

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЗ 16, ДЕЛ ОД УБ 16.1 – ОПФАТ 2, КО ВЕЛЕСТОВО, ОПШТИНА ОХРИД НАЦРТ ПЛАН 2013-2018

СЕ ОРГАНИЗИРА јавна анкета и јавна презентација за Нацрт - Детален урбанистички план за УЗ 16, дел од УБ 16.1 – опфат 2, КО Велестово, општина Охрид, плански период 2013-2018, со техн.бр.01/13 изработен од Друштво за просторно и урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг "Урбан" доо Охрид.

1. Просторот на планскиот опфат на Детален урбанистички план за УЗ 16, дел од УБ 16.1 – опфат 2, КО Велестово, општина Охрид е опфат со површина од 0,36 ха и тоа во граници: - на северозапад по осовина на планирана сервисна улица Рача 1 Се."16.1" (превземена од ГУП на Охрид), поставена дел на постојна асфалтирана улица до пресекот со осовината на станбената Ст."1", поставена на постојна асфалтирана улица и по нејзина осовина оди на исток, североисток до пресекот со осовината на пристапната улица Пу."1" (источната граница на градот према важечкиот ГУП на Охрид (дел од УБ 16.1)), поставена дел на постојна пристапна улица, па по нејзина осовина оди на југ до пресекот со осовината на пешачката патека Пп."1", поставена на постојна пешачка патека и продолжува по нејзина осовина на запад.

2. Јавната анкета ќе трае од 02.11.2015 - 13.11.2015 год.

3. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 05.11.2015 год. со почеток во 12.00 часот.

4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци.

5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14.00 до 16.00 часот во просториите на општина Охрид.

6. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, може да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.

7. Ова Решение влегува во сила со денот на донесувањето.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1337  пати
Објавено на: 02.11.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©