Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
АЕРО ЗАПРАШУВАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ
Untitled Document

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје - Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски, во соработка со Министерството за Здравство, во  сабота на 12 август  2017 година ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид, за третирање на комарци ( аеросолна адултицидна дезинсекција )
Запрашувањето  ќе започне  во  05 часот  и ќе трае до  08 часот. Истото  ќе се одвива на површина од  1500 хектари  и тоа на крајбрежјето на потегот од  с. Подмоље до населба Св. Наум и на територијата на град Охрид.
Поради запрашувањето против комарци се известуваат пчеларите на 12 август (сабота) да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.
Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1384  пати
Објавено на: 09.08.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©