Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ГИ ИЗНЕСЕ ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА ГОДИНЕШНАТА ЛЕТНА ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески на денешната средба со новинарите, по сумираните резултати од Општинскиот Инспекторат и од Државниот Завод за Статистика, оцени дека Охрид годинава во период од 9 месеци имал успешно и задоволително туристичко пулсирање.

Бројот на туристички ноќевања е за 2,8 % поголем во однос на истиот период лани и е задоволителен ако се земе во предвид дека во шпицот на летната сезона имавме неповолни временски услови , но затоа пак бројот на гости во месеците мај и септември годинава е значително поголем во однос на 2012. Годинава во однос на лани е зголемена наплатата на туристичката такса за 15, 6 % .

Податоците кои се статистички обработени говорат за доволна доза на оптимизам. Имено според статистичкиот извештај за туристички промет во текот на првите 8 месеци од 2013 година имаме 136 725 реализирани ноќевања од домашни туристи и 208 301 ноќевање од странски гости. Или вкупно 345 026 ноќевања што во принцип процентуално значи намалување на бројот на домашни гости за 12, 2% во однос на истиот период од лани, но бројот на странски гости годинава е поголем за 15, 9 % во однос на минатата година. Или вкупниот бројот на ноќевања на туристи во Охрид е поголем за 2,8 % во споредено со истиот период ланската година“, потенцира Бакрачески

Градоначалникот, денес се осврна и на наплатата на туристичката такса што е многу поголема во однос на лани.

 “Според податоците од секторот за финансии и буџет во Општина Охрид, во првите девет месеци од оваа година имаме реализирано наплата на туристичка такса од 11 милиони 794 илјади 963 денари од хотели , и уште 1 милион 869 илјади 667 денари од приватни стано издавачи или вкупно 13 милиони 664 илјади 630 денари што всушност претставува дури 15, 6% поголема наплата на туристичка такса за истиот период од 2012 година“, истакна Бакрачески .

 Со намера идната туристичка сезона да биде поуспешна од годинашнава Општина Охрид и Секторот за Туризам и Локален Економски развој во моментов работат на усвојување на поагресивна програма особено во промотивниот дел на туристичките капацитети и туристичките можности на Охрид .

“За наредната година имаме спроведено повеќе активности кои што се во подготвителна фаза. Се надевам дека сите наши замисли и проекти ќе бидат готови до крајот на 2013 година. . И на една од наредните наши прес конференции ќе ги финализираме односно ќе ги изнесеме сите наши заложби за подобра туристичка сезона во 2014-та година“, посочи градоначалникот.

“Намерата не ни е да чекаме до месец мај или јуни 2014 година па да пробаме да воведеме ред. Туку уште од сега ние почнуваме со работа . Но најпрво треба да се анализираат и оценат сите недостатоци и позитивни страни од оваа туристичка сезона за да може позитивните страни да ги надградиме а негативните да ги елиминираме за спремно да ја дочекаме идната летна туристичка сезона “, рече раководителот на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој, Ѓоко Апостолоски кој заедно со градоначалникот беше на прес средбата.

Според најавите се очекува за идната туристичка сезона да се формираат туристички берзи таму каде фреквенцијата на гости е најголема со цел истите организирано да се пречекуваат, како и координативно тело на охридските туристички работници.

Во насока на надминување на проблемите со дивите стано издавачи и чекачи на гости,летово имало повеќе од шеесет барања за поведување на прекршочни постапки, два платни налози на диви водичи , осум нелегални посредувачи во приватно сместување и три платни налози на диви туристички агенции

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1266  пати
Објавено на: 14.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©