Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СО АКЦИЈА „КРЕИРАЈ ЈА СВОЈАТА ОРГАНСКА ГРАДИНА“ ОХРИД ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
Untitled Document

Во рамки на годишната програма за заштита на животната средина и природата, Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад, го реализираше проектот „Креирај ја својата органска градина“, со кој општина Охрид на симболичен начин го одбележа Денот на планетата Земја 22-ри Април.

Проектот како пилот активност го спроведоа ОУ „Христо Узунов“ Охрид  и ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец.

Во двете училишта, денеска, со поддршка на ЈП „Охридски Комуналец“, беа уредени градинарски катчиња каде учениците засадија неколку видови зеленчук. Одржувањето и следењето на овие органски градини понатаму ќе биде во рамки на наставата по биологија во двете училишта.

Целта на  оваа еколошка кампања е учениците од најрана возраст да се запознаат со органското производство на храна и истовремено во рамки на наставната програма да имаат практична настава, а со тоа и проектот ќе има одржлив карактер.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1387  пати
Објавено на: 25.04.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©