Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕНЕС ТРКА НА КЕЛНЕРИ ВО ОХРИД
Untitled Document

Оваа година за прв пат во Охрид започна манифестацијата „Од 20-ти до 20-ти - СИТЕ ВО ОХРИД“ која се одржува во најатрактивниот период во годината, односно за време на Новогодишните, божиќните  и празнувањата за Василица и Водици. Идејата е да се креира проект кој ќе носи сопствен печат, ќе трае цел месец и  ќе се надградува секоја година, а ќе вклучи манифестации од повеќе области.

Како една од најатрактивните содржини на месецот на забавата во Охрид, ќе биде и трката на келнери. Основната идеја е да се организира трка на најбрзите и најдобрите келнери од охридските кафе барови, ресторани и хотели. Ќе се трча на потегот од пред ланџ бар ОБЈЕКТИВ се до плоштадот Св Климент Охридски. Настанот ќе се одржи на 19.01.2018 год. (петок) со почеток во 19:30 часот.

За најбрзите келнери следуваат и богати награди.

За забавата вечерта ќе се погрижат групата Камелеон, заедно со Жармена и Китроз, по што ќе следува и настанот на вечерта, концертот на групата Фолтин.

За таа цел Ве покануваме и Вие бидете дел од оваа манифестација збогатувајќи ја истата преку пријавување на најдобрите келнери од Вашите угостителкски објекти. Бројот на учесниците не е ограничен. Воедно Ве информираме дека на плоштадот можете да ги пријавите и најдобрите бармени кои ќе имаат можност да ги промовираат и своите коктели пред гостите.

Со надеж дека ќе прифатите да бидете дел од овој атрактивен настан Ве покануваме за подетални информации да не контактирате на телефонскиот број   00389 46 230 175 или 389 70 98 98 06. Лице за контакт Илкер Мустафа

Прочитано:  1418  пати
Објавено на: 19.01.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©