Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ПРАЗНИКОТ БОГОЈАВЛЕНИЕ- ВОДИЦИ
Untitled Document

Локалната самоуправа и годинава ќе се вклучи во подготовките и ќе ја  подржи организцијата на празникот Богојавление – Водици со цел ова  најмасовноно црковно- народно случување  да помине како што му доликува  на духовен, културен и туристички центар  каков што е  Охрид.


И изминатите две години локалната самоуправа ги поддржуваше сите активности на здружението „Богојавление“ и беше вклучена со сите свои ресурси и материјални и човечки во организација на Водици. Нема да навлегувам во причините за откажување на организацијата од страна на здружението ,веројатно имаат свои причини зошто се откажуваат.Само можам да искажам благодарност за сиот нивни допринос во изминатите години во организација и африрмација на празнувањето. Секако дека градот Охрид како минатите така и во ова година и во иднина  ќе биде активно вклучен во организација на сите активности и програми коишто ги предвидувавме,  со финансиска, материјални  средства ,човечки и кадрови ресурси се со цел празникот да помине онака како што доликува.  Има доволно време,а ние максимално ќе бидеме посветени за да има  достојна организација на празникот и во однос на црковниот дел, но и во однос на промоција на празникот како туристичка  вредност,  рече градоначалникот  Никола  Бакрачески  и потсети  дека општината никогаш  не учествува во организацијата и во пријавувањето на кумството за овој верски празник.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1328  пати
Објавено на: 09.12.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©