Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОВТОРНО ГОЛЕМ СПОРТСКИ НАСТАН ВО ОХРИД
Untitled Document

 

Викендов во Охрид, за љубителите на спортот, ќе  биде резервиран за завршницата од Ракометниот Куп на Македонија. Место помеѓу најдобрите  во фајнал форот обезбеди и охридскиот ракометен клуб, кој во полуфиналето ќе се сретне со екипата на РК Вардар. Во другиот полуфинален натпревар своите сили ќе ги одмерат РК Металург и РК Вардар јуниор. Почетокот на Ракометниот куп на Македонија е на 13 мај во 17:30 часот, а вториот натпревар е во 20 часот. Финалето е закажано за 14 мај во 17:30 часот. Сите натпревари ќе се играат во СРЦ „Билјанини извори“. Цената е 50 денари за целодневен билет за 13 мај, а 100 денари за финалниот натпревар.


Веќе постана традиција, Охрид да биде домаќин на големи спортски настани. Тоа доаѓа како резултат на поддршката што Локалната самоуправа ја дава во развојот на спортот, но и одличните организациски капацитети на ЈП „Билјанини извори“.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1391  пати
Објавено на: 11.05.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©