Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОДОЛЖЕНИОТ РОК НА ОГЛАСОТ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ ЗАВРШУВА ВО ПЕТОК
Untitled Document

Заинтересираните граѓани барањата за субвенционирање на комунални услуги можат да ги поднесат заклучно со петок (05.12.2014 год.). Поради зголемениот интерес на граѓаните, рокот на огласот беше пролонгиран од претходно предвидениот.
 
Инаку, вкупниот износ на субвенцијата изнесува 600,оо денари месечно за секој корисник и ќе биде составена од четири компоненти: покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари, покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари и покривање на трошоците за плаќање на гробна такса – гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно субвенцијата.

Барателот на субвенција мора да е корисник на социјална помош, корисник на постојана парична помош или невработен подолго од 12 месеци. Доколку корисникот е во брак, тогаш неговиот брачен другар да е невработен. Исто така право на субвенционирање имаат  и лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или челен на семејството е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест.

Подносителите на барањето за субвенционирање треба да се државјани на Република Македонија и да се жители на општина Охрид.  
Заинтересираните лица своите барања можат да ги достават во затворен коверт, лично во архивата општина Охрид или по пошта на адреса ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид, со назнака за  „ЈАВЕН ОГЛАС ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ“.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1313  пати
Објавено на: 01.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©