Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот во рамки на завршните активности од 2015 година на 17.12.2015 година ја реализираше акцијата „Чекориме за безбеден сообраќај“.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/gr_5.jpg)
За таа цел најмладите од градинките, ученици од основните и средни училишта, претставници од локалната самоуправа и бројни граѓани одржаа дефиле низ градските улици испраќајќи пораки за побезбеден сообраќај.
Најмладите но и сите останати на овој начин упатија апел до сите учесници во сообраќајот како треба да се грижиме во иднина и да го подигнеме степенот на безбедност. Оваа манифестација практично значи апел до сите учесници во сообраќајот-возачите на патнички и товарни возила, велосипедистите,пешаците да внимаваат на својата,но и на безбедноста на сите други учесници, за да се намали бројот на случени сообраќајни незгоди.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/gr_3.jpg)
Целта на оваа манифестација е да се воспитуваат децата уште од најмали нозе како да се грижат за сопствената безбедност и здравје.
Во рамки на манифестацијата во Центарот за култура, се одржа и пригодна програма при што децата преку музика и игра ја пратија пораката до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја зголемат сопствената безбедност и безбедноста на останатите.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/gr_6.jpg)
Извор: www.ohrid.gov.mk |