Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО по 29 пат
Untitled Document

29-тата Поетска ноќ во Велестово ќе се одржи од 21 до 23 јули на локации во Велестово и Охрид. На истата учество ќе земат десетина поети, музичари и уметници од земјава и странство. Програмата ќе се одвива според следниов редослед:


Петок 21 јули 21:00

Џез концерт на бендот Караванија

Поетски портрет на поетот Ристо Василевски

(Беседа ќе одржи поетот Бранко Цветкоски)

Отворање изложба на академскиот сликар Емил Шулајковски

Сабота 22 јули

Гостување на Отвореното студио  Арт поинт Гумно во Слоештица и читање поезија

Недела 23 Јули

Промоција на книгата „16 бугарски поети“ со настап на гостите од Р. Бугарија

Владимир Левчев, Аксинија Михајлова, Роман Кисјов, Ани и Илков и Поли Муканова.

Во рамки на манифестацијата, а во соработка со издавачката куќа ПНВ Публикации и МАНУ на 28 јули ќе се одржи промоција на проект книгата Извештаи на Рисот од Славе Ѓорѓо Димоски и Сергеј Андреевски. Исто така во соработка со издавачката куќа ПНВ Публикации во текот на летото во Охрид ќе бидат организирани и прoмоции на делата Доилката од Лилјана Пандева и Ништо не е недостижно од Зоран Јакимоски.

И оваа година покровители на манифестацијата се: Министерството за култура на Република Македонија, Општина Охрид и Комерцијална банка.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1404  пати
Објавено на: 17.07.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©