Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ДЕНОТ НА МИРОТ
Untitled Document

Со изведба на химната на Република Македонија од страна на Викторија Донеска,  денес на Градскиот плоштад, започна одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот во организација на општина Охрид и Општинската организација на сојузот на борци од Охрид и Дебрца.

Пред самиот почеток на свеченоста најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ со испишани пароли ги испратија своите пораки за Мир во светот, а членовите на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца го започнаа годинешниот мировен марш под мотото „Ветераните чекорат за мир“ кој се одвиваше од нивното седиште до Градскиот плоштад.


Точно на пладне актерот од Народниот театар при ЦК „Григор Причев“, Ивица Цонев ја прочита пораката за мир од Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун.

На манифестацијата свое обраќање имаше и заменик – градоначалникот Ангел Јанев, кој посочи дека „Одбележувајќи го овој ден се приклучуваме кон заедничката порака за запирање на сите војни и насилства  во светот и владеење на мирот и благосостојбата  меѓу луѓето. Државите и нациите каде се водат војни, наместо со оружје и жртви, несогласувањата нека ги решаваат со преговори, а господарите на војната мора да паднат и да се судат за нивните злосторства“.


-          Тажно е што ваквите универзални пораки за мир и почитување на човекот и неговото право на слободен живот, тешко пробиваат до водачите на многу војни и вооружени судири кои моментално се водат  во светот. Тажно е што овие пораки сеуште наликуваат на сон, иако со добра воља на луѓето многу  лесно се остваруваат.Нека победи добрата воља. Нека престанат војните во кои бесцелно се губат човечки животи и се уништуваат материјални и културни добра. Луѓето во светот нека живеат во мир,слобода и благосостојба, истакна заменик – градоначалникот Ангел Јанев.


Во име на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, се обрати потпретседателот Никола Стефаноски кој повика со едно минутно молчење да им се одаде почит на сите жртви од војните во минатото и сегашноста кој ги положиле своите животи.


-          Време е оружјето да стивне секаде на планетата Земја. Треба да се искористи како можност апелот на Генералниот секретар на Обединетите нации за мир за сите да размислат за центата која се плаќа во време на воени судири и да се изнајдат решенија како мирот да стане постојан за да нема прогласување на кризни состојби како што е случајот со нашата јужна и северна граница, за да нема ѕидови и препреки како што тоа го направи Унгарија, а еве гледаме границите ги затвараат и Хрватска и Словенија и конечно оние кои ја предизвикаа војната треба да смогнат сили и да ја прекинат за да биде прекината и мигрантска криза, рече потпретседателот на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, Никола Стефаноски.


Културно – уметничката програма продолжи со настапите на Игор Климоски од ОМУ „Методи Патче“, членовите на детскиот фестивал „Распеано рибарче“, Сара Цикуш и Михаела Иваноска.

За крај симболично беа испратени гулаби кои ќе ги пренесат пораките за мир во Светот.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1416  пати
Објавено на: 21.09.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©