Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ
Untitled Document

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распиша годинешниот конкурс за најдобар расказ

                          

                          Услови за учество на Конкурсот:


1. Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија;
2. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци со шифра на авторот без лични податоци, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;
3. Авторството се докажува со четвртиот примерок;
4. Краен рок за доставување на трудовите е 20.07.2014 година;
5. Жири-комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат наjдоцна до  31.07.2014 година.
 Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на 13.08.2014 година на традиционалната културна манифестација “Вечер на Живко Чинго “.

Извор: www.ohrid.gov.mk

 

Прочитано:  1310  пати
Објавено на: 20.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©