Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ ДЕНОТ НА ЕВРОПА И ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ
Untitled Document

На 9ти Мај, општина Охрид во соработка со Делегацијата на ЕУ во Македонија, по повод роденденот на Европската унија, организираат повеќечасовна забава на малиот плоштад на просторот на поранешната библиотека во Охрид, со почеток во 12 часот.
Учениците од општинските училишта, преку вокално инструментални настапи, ликовни творби и бројни други активности ќе ги презентираат културите на земјите членки на ЕУ ( Луксембург, Шпанија, Полска, Белгија и Холандија). Учество ќе земат Црвен крст – Охрид и „Опција“ - Охрид кои ги имплементираат ЕУ проектите.
На одбележувањето ќе присуствува и Роберт Лидл -  Раководител на одделот за политички прашања.
Идејата за слободарска Европа се случи со победата над Фашизмот. По тој повод, делегација на општина Охрид, утре 9ти Мај, во 10 часот, кај спомен паркот на револуцијата, ќе се поклони пред спомен обележјата на паднатите борци од Народно ослободителната војна и ќе положи свежо цвеќе.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1302  пати
Објавено на: 08.05.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©