Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПО ВТОР ПАТ АВИОНСКО ЗАПРАШУВАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ
Untitled Document

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје- Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство во понеделник на 14 ти јули 2014г.ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци ( аеросолна адултицидна дезинсекција )

Запрашувањето  ќе започне  во  05 часот  и ќе трае до  8.30 часот. Истото  ќе се одвива на површина од  1500 хектари  и тоа на крајбрежјето на потегот од  с. Подмоље до населба Св. Наум и на територијата на град Охрид.

Поради запрашувањето против комарци се известуваат пчеларите на 14ти јули (понеделник) 2014г. да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.

Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.

 Запрашувањето против комарци на територијата на општина Охрид се реализира по втор пат ,првото авионско запрашување  беше на 16-ти јуни годинава. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1311  пати
Објавено на: 10.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©