Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЕМИСИЈА ЗА ОХРИД НА АЛ ЏЕЗЕИРА
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески ќе биде гостин во третата  епизода  од серијалот  ”Алхемија на Балканот – Македонија” што  ќе се емитува утревечер  ( четврток) со почеток во 21:30 часот на светската телевизија Ал Џезеира .
Утрешната емисија на „Алхемија на Балканот“ е целосно посветена на Охрид, градот во кој се вкрстуваат природните убавини и културната историја.
Во емисијата ќе се зборува за Охрид - некогаш и сега, за неговиот развој и за туризмот како една од најбитните стопански гранки.  
Утревечер на Ал Џезеира ќе се прикажат  убавините на  Охрид, традицијата, храната и многу други нешта кои го прават единствен во Светот нашиов град. 

;

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1348  пати
Објавено на: 11.11.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©